Група амбициозни и талентирани млади луѓе викендов беа дел од „Отворен кабинет за талентирани ученици“, во соработка со Здружението на информатичари на Македонија.
Претседателот на државата Стево Пендаровски на Фејсбук објави дека покрај посетата на „Вила Билјана“ и можноста да дознаат повеќе за работата и надлежностите на претседателот, учениците имале и две стручни сесии со презентација и решенија од интернационалната олимпијада по информатика.
Продолжуваме со поддршка и вреднување на талентираните ученици, напиша шефот на државата на неговиот фејсбук-профил.
OhridNews