Како дел од Проектот СОС линија за помош од трговија со луѓе кој го спроведува Невладината организација Отворена порта-Ла страда, во соработка со Град Скопје, на 25 јули (петок), ќе го организира петтиот по ред отворен инфо ден за граѓаните на тема превенција од трговија со луѓе.
Овогодинешниот Инфо ден ќе биде одбележан во центарот на Охрид, на плажите и кафулињата, каде младата популација е повеќе застапена. Ќе се делат информативни материјали, брошури, прирачници во кои се наведени важни информации кои се во функција превентивно да влијаат во борбата против трговијата со луѓе.
Во текот на утрешниот ден младите ќе имаат можност и директно да поразговараат со волонтерите на Отворена Порта на тема Трговија со луѓе.
Инфо денот има за цел да им овозможи на граѓаните да добијат повеќе информации и совети за проблемите поврзани со трговијата со луѓе.