На големата сцена во спортското игралиште во Вевчани, синоќа, по шести пат се отвори фестивалот за народна култура „Пображење“ Вевчани.
Фестивалот за отворен го прогласи Ивона Татарческа Опетческа, претставник од Управата за заштита на културното наследство, раководител на одделението за заштита на нематеријално културно наследство.
– Покрај Вевчанскиот карневал во зима, Лазарките во Пролет, Вевчани добива и уште едно нематеријално културно добро, а тоа е овој фестивал за народна култура кој на еден оригинален начин отвара мегдан за претставување на Македонската изворна орска традиција во Македонија, го одликува најдобриот со плакета „Чувари на изворната традиција“, како стимул за понатака, а во истовреме гради мост со многу земји низ светот преку учеството странски ансамбли на овој фестивалот. Во западна Македонија, овој е единствен фестивал од ваков тип каде на еден суптилен начин се врши возобновување на изворната фолклорна традиција. – рече Татарческа Опетческа.
Публиката синоќа уживаше во настапите на ансамблите „Китка“ – Истибања и „Илинден“ – Струга, Р. Македонија, „Ловеч“ – Ловеч, Р. Бугарија; „Сиух и Виух“ и „Керутајад“ – Паиде, Естонија; КУД „Ѓердан“ – Ваљево, Р.Србија.
Фестивалот вечерва продолжи со настапи на фолклорни ансамбли од Македонија, Полска, Србија.
OhridNews