Во градот Харбин, на североистокот на Кина во неделата беше отворен 30. јубилеен Меѓународен фестивал на скулптури од мраз и снег. Голем број работници речиси две седмици го правеле фантастичниот леден град со згради високи како солитери и различни џиновски фигури на луѓе, животни, суштества од бајките… Целиот град е осветлен со ЛЕД сијалици во различни бои.

Иако на првиот ден од фестивалот температурата изнесувала 28 степени под нулата, тоа не ги спречило бројните посетители да им се восхитуваат на скулптурите. За изработка на овој леден град работниците користеле длета, алатки за кршење мраз, а како коцките мраз би биле проѕирни, коритена е дејонизирана вода. Фестивалот во Харбин се одржува секоја година, почнува на петти јануари, и трае еден месец. Како и секогаш, организаторите очекуваат голем број посетители.