“ Во наредниве неколку дена, во рамки на фестивалот, ќе биде прикажан дел од најновата, француска продукција на филмови од 2009 година. Секој филм ќе биде претставен од главниот актер, продуцентот или режисерот. Во Охрид ќе дојдат француски режисери со кои публиката ќе има можност да води дебата за прикажаните филмови” , истакна во своето обраќање францускиот амбасадор во Македонија, Жан Клод Шлумберже.
Во рамки на свеченото отварање настапи оперската пеачка Елена Голомеова, во пијано придружба на Калина Мрмевска која живее и работи во САД.
На првата фестивалска вечер беше прикажан филмот „Клуб бус паладиум“ во режија на Кристофер Томсон. Проекцијата ја следеа и главните актери Артур Дупон и Франсоа Сивил.
Освен француските актери, пред бројната охридска публика, се претстави и познатиот српскиот актер Мики Манојловиќ, а како член на жири- комисијата на фестивалот во Охрид гостува и Бранислав Лечиќ.