Денес во Струга беше отворен Дневниот центар за деца со посебни потреби. Во него ќе може да се сместат 20 до 25 дечиња за кои ќе се грижат три воспитувачки и еден психолог информира стружанецот Ергин Борова, по чија иницијатива е отворен истиот. Објектот има повеќе простории и сопствена кујна, а сместувањето ќе биде беплатно, односно родителите нема да имаат дополнителни трошоци.

Идејата е Дневниот центар да прерасне во дом за групно живеење. Имаме спонзори од дијаспората, од Холандија, се трудиме за изнаоѓање повеќе средства за да ја реализираме иницијативата за дом за групно живеење. Ако се реализира, тоа е мојот идеален сон. Ќе ни треба една година да научиме како одат работите со децата, какви потреби имаат и дали решението е со групно живеење или не, вели Брова.

Посочува дека голема поддршка добива и од Општина Струга, која ги покрива трошоците за ангажирање на воспитувачките и дел од трошоците, но има и други помагатели.

Еди Кела, граѓански активист и професор која учествува во реализацијата на проектот од самиот почеток, забележа дека кога постои идеја и иницијатива да се реализира нешто добро, стружани се секогаш тука за поддршка. Потенцира дека условите за престој на лицата со посебни потреби се достоинствени и ги следат сите современи стандарди за згрижување и едукација на оваа ранлива категорија граѓани.

Физичките услови се трудевме да бидат достоинствени, да понудиме центар кој ќе ги има сите потребни услови за таа група лица. Во меѓувреме се работи на следење на сите современи методологии и воспитувачките што ќе работат тука ќе имаат можност да следат обуки со нашите партнерски организации од другите земји, истакна Кела.

Инаку, во Струга повеќе од една година нема Дневен центар за лица со поебни потреби. До пред почетокот на пандемијата со коронавирусот овие лица времето го поминуваа во Дневниот центар „Порака нова“.

OhridNews