ООУ „Св. Климент Охридски“ денес по прв пат организира мултикултурен „Отворен ден по граѓанско образование“.
Поттикнати од наставникот по граѓанско образование Зоран Старковски, учениците ги презентираа своите активности. Исто така, дадоа свои предлози за почитување на ученичките права во нашето училиште: Стоп за дискриминацијата, почитување на личните работи и личниот простор, решавање на конфликтите на ненасилен начин и учество на учениците во донесувањето на одлуки, информираше директорката на училиштето Наташа Танеска.
Проектот е поддржан од Бирото за развој на образованието.
OhridNews