Во четврток, 24 април, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид организира Отворен ден.
Тоа е одлична можност да се запознаете со нашите студиски програми, да присуствувате на наставни часови, да погледнете апликативни проекти и да поразговарате со нашите студенти и професори, информираат од Универзитетот.
Посебен акцент ќе биде ставен на панелот по повод Меѓународниот ден на девојките во информатичките и комуникациски технологии, кој ќе инспирира нови генерации во светот на технологијата.
Ве покануваме да дојдете и откриете зошто Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ е уникатно место за студирање, развој и иднина, порачуваат од високообразовната установа.
OhridNews