Општина Охрид утре во хотелот „Климетица“ ќе ја презентира  наградената општинска практика Управувачки информативен систем за евиденција, регистрација, категоризација на сместувачките капацитети и следење на уплатата на туристичката такса во основните и во комплементарните сместувачки капацитети.

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија -ЗЕЛС во соработка со Европската Унија, преку Европската агенција за реконструкција, Советот на Европа и Американската агенција за меѓународен развој  во рамките на програмата “Избор на најдобри практики“ ја избра Општина Охрид меѓу највисоко рангираните општински практики.

Во Програмата во која учествуваа 18 Општини со 43 апликации,Општина Охрид ја доби втората награда од 12 највисоко рангирани Општински практики.

Ohridnews