Работното време на градоначалникот Александар Петрески денеска го диктираат граѓаните. Градоначалникот денеска има отворен ден со нив и ги сослушува нивните проблеми.
„ Денеска сум повеќе задоволен за разлика од претходните средби зашто гледам дека и граѓаните се позадоволни. Поголемиот дел од прашањата што се поставуваат или се решени или се во текот на решавањето. Повеќето се однесуваат на инфраструктурните зафати. Дел од граѓаните прашуваа и кога ќе заврши процесот на денационализација, но тој процес оди преку Министерството за финансии и ние како локална самоуправа немаме финансии“ изјави Петрески.
„ Со сите кои се дојдени денска во општинската зграда, ќе разговарам и се надевам дека ќе завршам до вечер“, додаде градоначалникот.
Тој потврди дека оваа практика ќе се применува и натаму, еднаш во текот на месецот, а за проблемите кои не трпат одложување туку итно решавање, ќе биде достапен во текот на секој работен ден.
А. Ристоска