На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Отворен ден на Армијата, организиран по повод четиригодишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

Граѓаните на Охрид ќе можат да го посетат Отворениот ден на кој покрај изложените воени средства, новите JLTV оклопни возила и опрема, ќе може да проследат и показни вежби на вода и на армиските специјалци, информираат од Министерството за одбрана.

Настанот според најавите од Министерството за одбрана ќе се оджи во периодот од 12 до 16 часот.

OhridNews