Утре, 20-ти март, Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе организира Отворен ден во Центарот за вработување во Охрид. Според најавите, во рамки на оваа активност, која ќе започне во 11 часот, ќе присуствува и директорот на АВРМ Влатко Поповски.
Отворените денови на агенцијата се организираат и во останатите македонски градови и имаат за цел да ги запознаат невработените и работодавачите со мерките и програмите за вработување.