Во рамки на одбележувањето на Неделата на млади, Клубот на млади од Црвен крст Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во петок (6 октомври ) организира отворен ден.
Во периодот од 8:30 до 18:30 часот, сите млади читатели од прва година во средно образование, па се’ до 29 годишна возраст кои ќе ја посетат библиотеката, ќе добијат бесплатно годишно членство во библиотеката, информираат од Библиотеката.
Целта на оваа активност, потенцираат е поттикнување на љубовта кон книгата и читањето меѓу младите.
Зачленувањето е бесплатно, а дружбата со книгата е вистинско и непроценливо богатство, порачуваат од НУ Библиотека „Григор Прличев”.
OhridNews