Oтворен центарот за јавни услуги „Една точка за услуги” во Охрид. Од денес граѓаните нема да треба да губат време по институциите да чекаат за да земат некој документ, туку ќе можат на едно место да добијат услуги од повеќе министерства и државни институции.
Еден простор кој ќе биде во наредниот период многу значаен за граѓаните на општина Охрид. Денес во Охрид покажавме дека може со добра волја и добра соработка помеѓу централните институции и локалната власт да има добри конкретни проекти. Во центарот „Една точка за услуги“ граѓаните на општина Охрид ќе можат да добијат околу 65 целосно дигитални услуги, а за 62 услуги ќе се поврзиме со другите институции и 800 услуги ќе бидат само информации за услугите, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.
Со понатамошна соработка со другите општини и Македонски пошти ќе имаме простор во целата држава да го развиеме за брзо време Концептот на една точка за услуги додаде Шаќири.
Услугите ги правиме подостапни за граѓаните, ги дигитализираме, ги поедноставуваме постапките и на тој начин сме во интерес на граѓаните подостапни и попристапни сите тие услуги. Од денеска почнува со работа оваа канцеларија каде граѓаните може да извадат преку 60 документи. Со формирање на Агенцијата за дигитализација и фузирање на општинските услуги, во иднина ќе се зголемат услугите кои граѓаните ќе можат да ги користат и во однос на услуги кои се под ингеренција на локалната самоуправа истакна гардоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.
Инаку, досега канцеларии на „Една точка за услуги“ има отворено во Куманово, во Скопје, Тетово, Битола и сега во Охрид.
Н.С.Ј