Со неформална вечера што ја организира генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер, во Охрид вечерва започна Безбедносниот форум на НАТО.
На неформалната работна вечера за шефовите на делегациите поздравно обраќање имаа генералниот секретар на НАТО Јаaп де Хоп Шефер и македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски.
Сеопфатната слика на Балканот е позитивна, екстремизмот е ставен на маргините на политичкиот живот во најголемиот дел од земјите во регионот, но мора да останеме внимателни. Гласовите на демократијата и слободата во Југоисточна Европа имаат обврска и понатаму гласно да се изразуваат, а евроатлантската перспектива е од суштинско значење, затоа потребно е да се оддалечиме од практиката дека на подедникот во политиката му припаѓа се и да се зајакне владеењето на правото и да се зајакнат мѓусоседските односи, речер Шефер.
Тој истакна дека пристапувањетои на Србија, Црна Гора и БиХ, во Партнерството за мир е од суштинско значење и НАТО ќе имнвестира во односите со овие партнери. Шефер искажа задоволство од напредокот што го прават земјите членки на Јадранската група и изрази очекување дека тие ќе ги исполнат очекувањата и ќе се приближат кон членство во НАТО на Самитот во Букурешт.
Шефер рече дека процесите во регионот ќе се забават доколку не се најде решение за Косово. Тој истакна дека земјите членки на НАТО и натаму даваат силна поддршка на планот на Ахтисари како решение за финалниот статус на покраината.
ВО Охрид веќе пристигнаа сите делегации кои учествуваат на Форумот за безбедност на Евроатлантскиот партнерски совет – ЕАПС. Пред малку коктел за учесниците приреди претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски. Тој истакна дека за сојузниците и партнерите, НАТО секогаш пртетставувал стратешки форум за размена на мислења за најрелевантните теми од политичката и безбедносната агенда на евроатлантската заедница и со полно право очекуваме така да биде и овој пат.
Трите главни теми на собирот, Авганистан ,Косово и Енергетската безбедност претставуваат актуелен и мошне сериозен предизвик не само за земјите членки на НАТО, туку многу пошироко во глобални рамки, рече Црвенковски.
Според него особено прашањето за Косово, директно ја тангира сигурноста и безбедноста на целиот регион, а од разрешувањето на ова прашање ќе во голема мерка ќе зависи темпото на приближување на целиот регион кон евроатлантските структури.Свеченото отворање ќе биде заокружено со голем огномет од сред езеро..
Инаку работниот дел започнува утре со Пленарната средба на форумот на ЕАПС на која ќе говори генералниот секретар на НАТО, Шефер, а на учесниците на Форумот ќе им се обрати и премиерот Никола Груевски.
Безбедносниот форум ќе се одвива на три панел дискусии на кои ќе се расправа за Косово и иднината на Балканот, за енергетската безбедност и за Авганистан.
Горан Момироски