Свеченостите по повод отворањето на 39-та меѓународна Илинденска едриличарска регата, синоќа беа заокружени со коктел што се одржа на бродот „Галеб“ со што и официјално овој реновиран брод е пуштен во употреба.
Присуствуваа претставници на клубовите учесници на регатата, медиуми и други гости, а свеченоста заврши со голем огномет на градскиот кеј.
Натпреварите на Илинденската регата продолжуваат денеска од 11 часот а победниците по класи ќе бидат познати утре.
ohridnews