Од Амбасадата на Република Србија во Скопје информираат дека засега не е предвидено отварање на конзулат во Охрид. – Се размислувало на таа идеја и доколку може да се реализира тоа би било добро со оглед на тоа дека Охрид е познато туристичко место, кое преку целата година го посетуваат бројни туристи од Србија. Сеуште не се создадени услови за тоа, па така засега потребите ќе ги задоволува отворениот конзулат во Битола, велат од Амбасадата на Република Србија.

Со тоа се побиваат информациите кои неодамна проструија во јавноста, а беа пренесени и од дел од медиумите дека деновиве ќе се отвара Конзулат на Република Србија во Охрид, чии работни простории ќе бидат сместени во куќата на Уранија.

OhridNews