“Во четвртокот вечер во кафе-барот “Шила“ беше отворена изложбата со наслов “Поинакви“ на Кристина Затурoвска позната под уметничкото име “Кики Муки“. Фотографиите се инспирирани од балерините при студиото за танц “БАХ“ од Струга. Ова реномирано студио со 22 годишна традиција веќе 20 години со ред го организира “БАХ Шоу“ – препознатлив и единствен денс перформанс од ваков тип во Македонија, кој оваа година носеше наслов Ул.”Поинакви”. “
Oва е прва самостојна изложба на Затуровска, сестран уметник, која соработува со студиото “БАХ“ веќе 5 години. Таа покрај фотографирање се грижи и за дизајнирање на костимите црпејки инспирација од танцот како уметност. “Со фотографија професионално се занимавам нецели три години, период во кој имам изработено многубројни фотосесии и учествувано на повеќе групни арт шоуа и изложби“ – истакнува Затуровска.
Таа е препозантлива и по своето студио за детска и креативна фотографија – едно од најпопуларните во овој регион. “Секој може да препознае фотографија од Кики Муки затоа што зрачи со топлина, убавина и уметност споени во едно“ – велат гостите на изложбата.
Овој настан е еден во низата организирани во овој концептуален кафе-бар од каде што најавуваат слични содржини и во иднина. Поддржувајќи и промовирајќи ја уметноста “Шила“ сѐ повеќе се истакнува како алтернативна арт сцена во Охрид.
“Намерата беше да создадеме вистински урбано место чиј впечатлив ентериер и естетика во комбинација со одбрана музика ќе инспирира пријатен амбиент на лежерност и уживање во долги разговори.“ – велат од “Шила“.
“Ги охрабруваме креативците од сите сфери да не контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма како арт и дизајн, мода, музика, книги, адвертајзинг, архитектура “ – порачуваат од менаџерскот тим.
Изложбата “Поинакви“ ќе биде поставена во наредните две недели и сите љубители ќе можат бесплатно да ја погледнат независно дали се редовни гости во објектот или случајни минувачи.
Убав простор, убави луѓе, убава атмосфера… Во продложение погледнете дел од атмосферата на отварањето.
OhridNews