На оваа традиционална манифестација и годинава ќе учествуваат голем број на ликовни уметници кои ќе ги сликаат природните убавини на Дебрца. Во рамки на оваа колонија до сега твореле плејада на врвни уметници кои зад себе имаат оставено околу 550 ликовни дела инспирирана од прекрасните предели, цркви, манастири, архитектура и сцени од секојдневното живеење во живописните предели на Дебрца.
Свеченото отварање на колонијата “Дебрца “е закажано за 20 часот во Кино салата во Белчишта.