Македонците и странските државјани ќе можат да отворат компанија во Македонија по електронски пат.

Централниот регистар ја презентираше втората фаза од едношалтерскиот систем во подобрување на функционирање на електронското работење, а ја заокружи првата фаза која се однесува на чување на податоци во однос на елементарна непогода .

„Со овој проект овозможена е регистрација на фирма во електронска форма, лицата од својата канцеларија ќе можат да регистрираат фирма во Македонија“, изјави министерот за економија, Фатмир Бесими.

Министерот рече дека покрај стопанствениците, директна корист од овој проект ќе имаат проценителите, стечајните управници, судиите, нотарите бидејќи сите ќе бидат поврзани во еден систем за олеснување на регистрацијата на бизнис во Македонија.

Ohridnews
извор: Makfaks