Отворање на летните тераси на угостителските објекти, кратење на полицискиот час кој ќе почнува од 21 часот и слободен викенд за верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, се новите рестриктивни мерки, кои денеска, ги донесе Кризниот штаб, а утре треба бидат потврдени на седницата од Владата.

Олабувањето на рестриктивни мерки се должи на подобрената епидемиолошка состојба во последниве три седмици, рече Министерот за здравство Венко Филипче.

Сето ова е резултат на навремено донесените мерки и димензионирањето на целокупниот систем на координација на приемите во болниците, имајќи го предвид и тоа што сега се ослободуваат некои одделенија кои беа дополнително ангажирани со ковид-пациенти. Генерално, чувствуваме намален притисок, олабавување. Ги следиме трендовите и во околните држави. Овој трет бран спласнува и се надевам со забрзаната вакцинација по Велигден, ќе ја смени сликата за епидемиолошката состојба кај нас, – изјави Министерот.

Филипче, додаде, дека бројот на новозаразени со Ковид -19 се намалува и оти поголем дел од одделенија во болниците се ослободени од притисокот, кој го имаа пред извесен период.

OhridNews