Понудите од Меѓународниот јавен оглас за давање концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроцентрали, ќе бидат отворени денеска , соопшти Министерството за економија.
Огласот предвидува давање концесија за вода за производство на електрична енергија за 28 мали хидроцентрали со единечна инсталирана моќност до пет мегавати по моделот проектирање, изградба, оперирање и транфер.
Дел од нив ќе бидат изградени на реката Црн Дрим, а другиот дел на реките Вардар и Струмица.
Ohridnews