На 10 јули, во хотел Нова Ривиера во Охрид ќе се одржи пограничен настан „Градење на заедничка иднина – Creating a common future“, на кој ќе бидат промовирани резултатите на деветте проекти кои се дел од програмата IPA Cross Border Cooperation помеѓу  Република Северна Македонија и Република Албанија финансирани од Европска Унија.

Преку 150 учесници професионалци од областа на туризмот, невладин сектор, претставници од општините како и медиуми од двете земји ќе имаат прилика да дискутираат на теми од областа на туризмот и да се запознаат со досегашните резултати и идните активности на 9 проекти.

Во рамки на настанот ќе биде отворен и Спасувачи Центар – Црвен Крст, прв од ваков вид во регионот, со фокус на спасување на вода и во планинското подрачје околу Охрид.

На настанот ќе земат учество Самуел Жбогар – Амбасадор/Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија,  Луиџи Сорека Амбасадор/Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Албанија, Горан Милевски – Министер за локална самоуправа во Северна Македонија, Министерот за Европска и надворешна политика на Албанија како и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.