Деновиве на повеќе локации во градот се поставуваат големи рекламни билборди, на места каде претходно тие беа отстранети, поради незапазување на пропишаната процедура.
Од Локалната самоуправа информират дека пред две недели на огласот за доделување микролокации кој во меѓувреме го распишала општината се јавила фирмата „Скрин медиа“ која склучила договор за поставување на 14 билборди во Охрид.