Екипите на ЈП Охридски Комуналец реализираа низа активности изминатиов перидов.
Заради временските услови, проследени со силен ветар, на повеќе локации имаше скршени гранки, па дежурните екипи интервенираа за санирање на состојбата, велат од претпријатието.
Покрај редовните активности во есенскиов период за собирање на паднати лисја, додаваат од претпријатието, се реализираа и активности за чистење на обраснато зеленило на ул. „Гоце Делчев”, како и кај детското игралиште во населба Лескајца и с. Долно Лакочереј.
OhridNews