Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 18-ти до 24-ти ноември, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.
Отстранети се дефекти на „Кеј Македонија“ (2 дефекти), „Кленоец“, „Славеј Планина“ бр.64, „Абас Емин“ бр.127, „Јане Сандански“. бр.121, „Илинденска“, „Крум Точков“ (девијација), „Живко Чинго“ и во село Лескоец (3 дефекти), информираат од претпријатието.
OhridNews