Екипите на ЈП Водовод Охрид, во периодот од 12ти до 18ти февруари, покрај редовните проверки и теренски активности интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.

Како што напоменуваат од претпријатието отстранети биле дефекти на „Петар Чаулев“, „Васил Стефоски“, „Димитар Влахов“, „Климентска“, „Железника“ бр.31, нас. Рача (2 дефекти), село Лескоец и резервоар Бејбунар.

Во тек е, додаваат од ЈП Водовод Охрид, поставување на нова линија на улицата „Асном“.

OhridNews