СВР Охрид соопшти дека во акцијата за отстранување на хаварисаните возила, работни машини, кајчиња приколки, песок, дрва и други предмети од сообраќајните површини, од улиците во централното градско подрачје со специјалното возило „Пајак“подигнати се 18 хаварисани возила.
За други 18 возила и останати предмети, на сопствениците им е даден рок од 10 дена сами да ги отстранат.
Акцијата за отстранување на хаварисаните возила во Охрид, продолжува деновиве.