Таблата за заштита на животните, што неодамна на магистралниот патен правец 501 Охрид Свети Наум, кај Хидробиолошки ја постави сопственикот на ресторанот “Далга“, Љупчо Патче е отстранета.

Патче вели дека таблата ја нема од петокот. Не знае кој ја тргнал и  се прашува кому му сметала таква порака до возачите( на таблата пишуваше “И ние сме како вас“)


местото каде беше поставена таблата

Како што дознаваме таблата ја отстранила Службата за заштита при ЈП “Македонија пат“-од Битола. Како што не информираше  раководителот на подружницата на Македонија пат – Охрид, Лазе Ставрески,  таблата на  Љупчо Патче била поставена нелегално и затоа е отстранета.

Според законот секој кој што сака да постави табла или некој друг знак на јавни патишта  должен е да побара согласност од Фондот за патишта. Во конкретниот случај тоа не било направено, таблата е поставена самоволно и на несоодветно место, бидејќи според прописите  знаците и таблите на магистрален пат треба да бидат поставени 5 метри од ивицата на патот, објаснува Ставрески.

Инаку во акцијата на службата за заштита на Македонија пат што редовно се спроведува на почетокот на секоја година се отстранети уште 30-на други несоодветно поставени знаци и табли од патиштата во охридско.

И толку од пораката за подигање на јавната свест за заштита на животните. Намерата на Љупчо Патче кој ја постави таблата неодамна веруваме беше искрена и добронамерна, но закон си е закон. Се надеваме дека не е нешто друго во прашање.

Г. Момироски