Рекламата за лондонската куќа на стравот со слика на кралицата Мери претворена во Зомби, била повлечена бидејќи премногу ги плашела децата. На рекламата можела да се забележи кралицата која мирно седи во фотелја, а по неколку моменти се претворала во крволочен ѕвер, која зјапала во минувачите.


Неколку лица се жалеле дека нивните деца биле преплашени од постерот. Со оваа реклама лондонската куќа на стравот ја промовирала својата нова содржина, наречена „Крвавата Мери“, а посветена на поранешната Британска кралица.