Отстранет е и третиот, последен силос од бетонската база на излезот од Охрид, непосредно покрај стариот пат за Струга, која почна да се урива пред парламентарните избори.

Бетонската база е во сопственост на компанијата „НЕФИ ИК“ на бизнисменот и советник Нефи Усеини. Локалната самоуправа информира дека отстранувањето на бесправно изградените објекти во Општина Охрид се одвива согласно утврдената динамика и дека ќе продолжи и во наредниот период.

Што се однесува до отстранувањето на бетонската база, сактивноститe продолжија откако и последниот силос беше испразнет. Во текот на вчерашниот ден истиот е демонтиран. Во наредниот период ќе се продолжи и со отстранување на останатите делови од објектот на базата. – соопшти Општина Охрид.

Акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти во заштитените зони, има за цел зачувување на статусот на Охридскиот регион на заштитено светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.

Г.М.