Големиот дефект на главната водоводна
линија поради кој од вчера поплладне без вода за пиење останаа жителите од улиците 15-ти Корпус, Живко Чинго и Александар Турунџе, претпладнево е отстранет, информираше МЈП „Проаква“.
Екипите
на јавното претпријатие непрекинато работеа на санирање на проблемот во текот на ноќта по што утрово водоснабдувањето на споменатите улици е нормализирано.