„Граѓанската иницијатива за зачувување на достоинството на Охрид“  вчера не можела да собира потписи на еден од двата пункта, кои ги имаше  постевено за таа намена, затоа што Општинските инспектори им дале налог за отстранување на штандот.

-Луѓето кои биле кај штандчето биле идентификувани од инспекторите и протерани од местото.-се вели во соопштението кое здружението го упати до медиумите.


Од Општинскиот Инспекторат велат дека Здружението немало одобрение за поставување на тој штанд и затоа Комуналните инспектори, кои биле излезени на терен дале налог за негово отстранување.

-За поставување на било каков штанд, тезга или други предмети за слична немена, на јавни површини низ градот, потребно е да се одезбеди одобрение кое го издава Општина Охрид. Значи ние не го отстранивме штандот затоа што на него се собираат потписи за некаква иницијатива, туку затоа што немаше одобение за поставување на истиот.-изјави Танас Танасоски, раководител на Општинскиот инспекторат при Општина Охрид.

OhridNews