До нашата редакција се обратија голем број граѓани со цел да ја дознаат причината поради која има прекин во водоснабдувањето.
Контактиравме со службите на Јавно претпријатие за изградба, одржување, реконструкција на локални патишта и хидротехнички објекти „Нискоградба“, кои ни кажаа дека станува збор за голем дефект, односно била пукната цевка на улицата Гоце Делчев, една од улиците во месноста Лескајца. Нивните екипи веќе два пати интервенирале и дефектот е отстранет.
– Во текот на наредните два часа жителите од овој потег ќе добијат вода, информираа од ЈП Нискоградба.