По повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј денес беше отслужена Света архиерејска заупокоена литургија во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник.
На Литургијата молитвено присуствуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а чиноначалствуваше Епископот Стобиски г.Јаков. По Литургијата беше отслужен парастос на гробот.
Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј почина на 25 ноември 2024 година по кусо боледување, на 73 годишна возраст. До неговото вечно почивалиште во јужната апсида на храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник беше испратен на 28 ноември.
OhridNews
фото. ДКЕ