Оваа одлична намирница има силно антибактериско влијание, го намалува апетитот, го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем и го намалува нивото на шеќер во крвта.

Оцетот е корисна намирница со одлично влијание врз нашето здравје, првенствено поради богатството на антиоксиданси кои ги содржи, а кои ќе го забават стареењето, ќе го спречат развојот на некои облици на рак и поволно ќе влијаат на различни невродегенеративни заболувања.

Покрај сето тоа, оцетот има исклучително антибактериско влијание, го смалува апетитот и го намалува нивото на шеќер во крвта, а спротистите веќе долго го користат за побрзо и поквалитетно опоравување после некои интензивни физички напори.

Редовното дневно консумирање на вински оцет ги топи килограмите забрзувајќи го разградувањето на масти, а во оцетот има и разни елементи кои секојдневно ни се потребни, како бакар, фосфор, калциум, калиум, магнезиум и железо.

Јаболковиот оцет е исто така одличен додаток во дневната исхрана кој го намалува нивото на лошиот холестерол, а го подигнува нивото на добриот.

извор:metro-portal.hr