Сообраќајот на патниот правец Ресен – Битола, кој беше оштетен од свлечиште кај местото Макази се уште е затворен за сообраќај и тој се одвива по стариот пат Битола – Ресен. Регионалниот пат Струга – Дебар и од Дебар кон Маврово кој беше во прекин, сега е прооден за сите моторни возила. На патниот правец Дебар – Маврово кај селото Рајчица, наспроти селото Долно Косоврасти, кај Ростушки мост и наспроти селото Јанче има активни свлечишта од земја и камења, кои претставуваат потенцијална опасност за сите кои патуваат на овој патен правец.
Oтсечени повеќе села во струшко
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com