Вчера во 11.50 часот, 34-годишен охриѓанец во полициската станица пријавил труење на пет кучиња што ги имал згрижено во двор од куќа, сопственост на жител од охридското село Косел.

Полициски екипи и претставник на Агенцијата за храна и ветеринарство извршија увид на местото на настанот. – соопшти СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Тој, на 12.11.2020 година, во својство на службено лице во Јавното претпријатие „Градски Гробишта“ во Охрид, го известил Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ дека за потребите на „Градски гробишта“ неопходен им е камион кипер за транспорт на 800 бекатон плочки, наменети за поплочување на пат до црква во охридското село Љубаништа. Откако биле пренесени, пријавениот плочките ги пренесол во дворот од својата викендичка која се наоѓала веднаш до црквата, со што се стекнал со противптравна имотна корист од над 60 000 денари. – информира СВР Охрид.

OhridNews