Отровна жаба во Аустралија преживеала 40 минути во стомакот на Бела која ја изела. Бела, откако примила две инекции кај ветеринарот, ја повратила жабата која почнала да скока неповредена.


– Отидов да ја нахранам со остатоци кои ги фрлив покрај неа во дворот каде што си играше. Не видов жаба. Бела ја голтнала жабата мислејќи дека е храна – изјавил нејзиниот сопственик.
Повикал ветеринар кој и вбризгал средство за повраќање. Дури по втората инекција, ја плукнала. Жабата ја задржале во ветеринарната клиника. Жабата од шеќерната трска, вид на крастава жаба, испушта отров под стрес кој може да убие големо куче во рок од неколку минути. Имало случаи каде кучиња биле издрогирани откако го лижнале грбот на овој вид жаби.