При контрола на граница во Хрватска, во зелка од Северна Македонија се откриени остатоци од пестицидот имидаклоприд, кој е забранет во ЕУ. Зеленчукот кој требало да заврши во хрватските продавници, инспекторите веднаш наредиле да се уништи, пренесуваат тамошните медиуми.
Научните студии, укажуваат дека пестицидот имидаклоприд негативно влијае на срцето, бубрезите, тироидната жлезда и мозокот и може да предизвика невролошки симптоми, вклучително и респираторна инсуфициенција и смрт.
Исто така, постојат сè поголеми докази дека употребата на имидаклоприд има разурнувачки ефект врз биодиверзитетот, особено во реките, влијаејќи не само на раковите, мекотелите и инсектите, туку и на организмите на почвата.
ЕУ забрани употреба на имидаклоприд на сите култури што се одгледуваат на отворено.
OhridNews