Турската полиција привремено ја затворила катедрата за филмска уметност на престижниот приватен универзитет Билги во Истамбул, откако еден студент за својата дисертациска работа снимил порно филм и за филмот дал интервју. Студентот сакал да сними порно филм кој би ги спротиставил либералните и конзервативните струи во Турција. Професорите му го одобриле трудот со напомена да се концентрира на пораката на филмот. За својот труд добил оцена двојка.


Прашината ја кренал кога за едно списание дал интервју во кое опишал што правел на факултетот. Раскажал дека поголем проблем му бил да добие одобрние од професорите отколку да најде актери за филмот. Тројцата професори кои го одобриле филмот биле отпуштени поради што околу 600 студенти протестирале пред факултетот. Полицијата привремено ја затворила филмската катедра. Студентот и еден негов пријател кој глумел во филмот се во бегство.