Познатиот шпански фризер Љуис Љонгерас бил отпуштен од компанијата која ја основал со својата ќерка. Компанијата повеќе не била задоволна од неговите услуги, стоело во соопштението што неговата ќерка го испратила до него. Тој бил претседател на компанијата, која ја основал 1987 година во Барселона и која ја сочинуваат 18 фризерски салони низ цела Шпанија.
Поголемиот дел од акциите на компанијата се во рацете на неговата поранешна сопруга и нивните две ќерки. Извори блиски до фризерот наведуваат дека неговото отпуштање од работа е поврзано со семејна кавга.