Шпанската телевизија го отпуштила директорот на спортската програма бидејќи на финалето на фудбалскиот куп не го пренесувал интонирањето на химната.Тоа било огромна грешка. Инаку на финалето во Валенсија помеѓу екипите на Билбао и Барселона интонирањето на химната било проследено со свирежи од публиката, бидејќи овие две екипи доаѓаат од покраините Баскија и Каталонија, кои бараат независност од Шпанија.
Финалето на купот заврши со резултата 4 спрема 1 за екипата на Барселона, која го освои рекордниот 25-ти наслов во ова натпреварување.