Двајца италијански туристи, кои сонувале за егзотични плажи во австралиската метропола Сиднеј, се шокирале кога слетале во истоимениот канадски град на брегот на Атлантикот. тоа било прво нивно патување надвор од Европа.


Кога слетале во градот кој има 100 илјади жители, помислиле дека станува збор за транзит. Во меѓувреме локалните власти им излегле во пресрет подарувајќи им оброк во еден ресторан, како и бесплатно сместување во еден хотел.