Во последно време, кога продолжува трендот на опаѓање на нивото на езерото, со повлекувањето на водата на површина излегува и нашата несовесност. На граѓаните на Охрид и Струга, но и на околните места понекогаш најлесно им е да се ослободат од непотребниот отпад фрлајќи го во водите на езерото. То таму често доаѓа и преку реките кои се вливаат во езерото, претходно поминувајќи низ повеќе села и населби, најчесто со нерешена канализациона инфраструктура. Една изрека вели: „Господ простува секогаш, човек понекогаш, а природата никогаш“. Доказ за тоа се и следните фотографии на кои јасно се гледа дека езерото ни го враќа нашето ѓубре назад.
Езерото ни го враќа отпадот !
Јасминка Т. Момироска
фото: Васко Бујароски