Пред и по Илинден традиционално и годинава оперативните служби на ЈП„Охридски Комуналец“ максимално ангажирани 24 часа со сите свои расположиви технички и човечки ресурси.
Во шпицот на туристичката сезона кога во градот на разни локации се одржуваат разни музички, културни и други збиднувања, зголемена е динамиката за одржувањето на јавната чистота и зеленило.
Од раните утрински часови се справуваме со расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна, кои за жал се реална слика во доцните вечерни часови и наутро, каде најголем проблем ни создаваат групите од млади луѓе кои се забавуваат на просторите каде се одржуваат концертите, на мини-плоштади, дворови од образовни институции, на тревниците во градскиот парк и уште на многу други локации низ градот, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Но сепак, потенцираат, после големиот труд и посветена работа на дежурните служби, Охрид повторно блеснува во својот полн сјај, природна убавина и автентичност.
OhridNews