Во еден од 17-те гробови од некрополата кај Горна порта пронајден е вреден златен накит со кој било погребано девојче на возраст од околу 16 години за кое се претпоставува дека има благородничко потекло. Пронајдени се златен појас, ромбоидна златна плочка која ги покривала очите и уште една ромбоидна златна плочка која ја покривала устата. Исто така пронајдена е и златна плочка со 16-крако сонце која се наоѓала на срцето.
–Покривањето на очите и устата претставува маскирање на покојникот, какво што не е сретнато на ниту едно друго место во регионот, истакна Паско Кузман. Тој објасни дека пронајденитре предметиговорат за значењето на античкииот Лихнидос кој во тој период бил монденско место.
„Ова за археолошката наука е од непроценлива важност и доказ за богатото културно истортиско богатсво што го крие македонската почва“, рече Кузман. Тој истакна дека Охрид е најголемото археолошко наоѓалиште во земјата каде се пронајдени 450 златни премети и други значајни артефакти. Тие како што рече Кузман, ќе бидат изложени во златната соба во куќата на Робевци која треба да биде готова до крајот на годината, а дел од културното наследство ќе биде изложено во археолошкиот музеј во Скопје.
На презентацијата на големото откритие присуствуваше и министерката за култура, Елизабета, Канческа Милеска, која истакна дека пронајдените артефакти се потврда на нашиот идентитет, историја и култура.
Откритието кај Горна порта е од непроценлива вредност