Научниците од Харвард откриле нов начин во борбата против ракот на мозокот со помош на матичните клетки.
Тим научниците кој вршел експерименти врз глувци користел генетски модификувани матични клетки кои испуштале смртоносни токсини, кои не им штетеле на другите здрави клетки, пишува Independent, пренесува „Макфакс“.
Генетски модификуваните клетки биле во состојба да ги уништат клетките на туморот на мозокот. Тој најпрво бил отстранет по хируршки пат, а потоа матичните клетки биле сместени на негово место во биоразградлив гел, за да можат да ги уништат преостанатите ќелии на такот.
„Токсините што го убиваат ракот се користени со голем успех во случај на повеќе видови рак на крвта, но не беа толку ефикасни кај крутите тумори. Знаевме уште пред неколку години дека матичните клетки можат да пренесуваат лековити токсини што ќе го уништат туморот на мозокот, но моравме клетките генетски да ги модификуваме за да не ги убијат токсините што ги носат. Сега имаме клетки што можат да произведат и отпуштат лек што ќе го уништи туморот“, појасни докторот Калид Шах.
Се верува дека клиничките тестирања би можеле да започнат во следните пет години.
OhridNews
Извор:„Макфакс“