Линда Френс од Кливленд се омажила во 2005 година во Италија за Џон Френс. Живееле како и сите парови, но нејзиниот сопруг почнал многу често да патува, наводно поради работата. Мислела дека има љубовница и започнала да бара информации преку социјалната мрежа Фејсбук.
Го барала профилот на жената за која мислела дека му е љубовница, а била потполно шокрана кога на нејзиниот профил пронашла албум со фотографии од нивната венчавка. Нејзиниот сопруг бил облечен како принц од бајките, а невестата како заспаната убавица. Вeднаш контактирала адвокати кои утврдиле дека нивниот брак не бил законски, бидејќи не бил заведен во социјалните служби.