Венди Џонс однела на аукција една чинија која била во нејзиното семејство повеќе децении, и открила дека поседува дел од Кралскиот сервис, чија чинија чинела 100 илјади фунти. Чинијата била најскапо проценетиот предмет на аукцијата која ја организирала телевизиската станица Би-Би-Си. Била направена помеѓу 1750 и 1755 година, за време на владеењето на прускиот крал Фредерик Втори. Направена била од квалитетен порцелан и украсена со грбовите на династијата Хоненколер и малтешки крст.


Неколку чинии од од овој сервис се наоѓаат по музеите низ целиот свет. Чинијата припаѓала на синот на Венди, меѓутоа бидејќи за неа немало место во неговиот стан останала кај неа. Не е сигурна од каде чинијата стигнала во нивното семејство, бидејќи таму се наоѓала долго време. Интересно е и тоа што воопшто не планирала да ја носи на проценка, а се согласила само за да му прави друштво на сопругот кој сакал да ја дознае вредноста на некои свои стари книги.